| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарен концерт во Виена за жртвите од поплавите

unnamed
Во знак на солидарност со настраданите од поплавите, кои зафатија делови од Македонија, црковниот управен одбор на Македонската православна црковна општина „Свети Наум Охридски“ од Виена, на редовен состанок што се одржа на 5 февруари едногласно реши да донира 1.000 евра еднократна помош, како и да организира химанитарен концерт в сабота, 21 февруари од 19 часот и собраните средства да бидат донирани на Црвениот крст на Република Македонија!
На хуманитарниот концерт ќе учествуваат естрадните уметници, Сончица Ванева, Павле Кајмакоски со музичарите Перо Бели и Филип Петкоски, како и свој настап ќе имаат и нашите играорци од КУД „Македонка“ Виена – вели заменик-секретарот на МПЦО „Свети Наум Охридски“ Роберт Петрески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top