| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 27.000 пациенти со инфекција на горни и на долни респираторни патишта

 

настинка

Настинките и грипот земаат замав. Од Институтот за јавно здравје минатата недела регистрирале повеќе од 27.000 пациенти со инфекција на горни и на долни респираторни патишта. Најмногу или преку 8.000 се во Скопје. Околу 3.000 од инфекциите се во Охрид, 2.000 во Битола а најмалку има во струмичкиот регион.

Инситутот регистрирал и 12 случаи на жолтица и 2 случаи на исипна треска. Жолтица најмногу има во Струмица – 5 случаи, Скопје и во Велес по 2 случаи, по еден случај има во Битола, Штип и во Прилеп.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top