Владата на Србија без помпа му додели државјанство на Мухамед Далан, главен ривал на палестинскиот претсетадел Махмуд Абас и советник на престолонаследникот на Абу Даби.
Аналитичарите тврдат дека Далан може да ја употреби Србија како своја база за движењето на симнувањето на лидерот на Палестинската управа, наведе угледниот британски весник „Гардијан“, повикувајќи се на податоците кои ги обелодени Балканската истражувачка новинарска мрежа (БИРН).
Во текстот се истакнува дека српско државјанство добиле Далан, членовите на неговото семејство и пет клучни политички поддржувачи.
Како што се прецизира, тоа се случило во периодот од февруари 2013 до јуни 2014 година, покажале податоците од Службен весник кој го објави БИРН. Се наведува дека Владата на Србија според законот може да додели државјанство на затворена седница на државјани за кои ќе оцени дека придонесуваат за државните интереси, без детално објаснување за јавноста.
„Гардијан“ пишува дека Далан наводно е заслужен за ветената инвестиција на Абу Даби во Србија вредна неколку милијарди евра, т.е. проектот Белград на вода. Во тој контекст, наведе дека владата во Белград одбила да објасни дали тоа е причината поради која тој и уште 11 Палестинци добиле државјанство во изминатите две години.
Искусните познавачи на Блискиот Исток за „Гардијан“ изјавиле дека Далан можеби планира да ја искористи Србија како база за движењето против Абас, актуелниот лидер на Палестинската управа. Далан, поранешен министер за внатрешни работи на Палестинската управа, многумина го сметаа за очекуван наследник на Јасер Арафат, но Абас го обвини за корупција и го исфрли од Фатах пред четири години.
Палестинската управа покрена постапка против Далан, кој тогаш живеел во Обединетите Арапски Емирати, поради наводна клевета, т.е. поради обвинение на сметка на Абасовото раководство и силите за безбедност на Палестинската управа на Западниот брег. Во март 2014 година во отсуство е осуден на две години затвор.
Далан јавно ги демантираше сите обвиненија, но одби да одговори на прашањата кои му ги прати БИРН. Неговите поддржувачи велат дека тоа се монтирани политички процеси, додека Абас и Палестинската управа тврдат дека поседуваат исцрпни документи за наводното кршење на законот од страна на Далан.
– Според сите национални и меѓународни правила, кога некој сака да земе пасош од друга земја, веројатно треба да провери дали тоа лице има чисто досије и чисто минато, а не само да му го врачи. Не ја прашаа палестинската страна за неговото минато ниту за тоа дали тие лица се криминалци или не, изјави портпаролот на Абас.
„Гардијан“ ги пренесе наводите на БИРН дека Далан изнајмил луксузна вила на Дедиње, која до неодамна била резиденција на Борис Тадиќ, поранешниот претседател на Србија, а средена била пред Далан да дојде во Белград за да му се пружи максимална безбедност.
– Владата на Србија одби да коментира зошто доделила државјанство на Далан, неговото семејство и пријателите. истакна британскиот весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст