| четврток, 6 декември 2018 |

Македонска компанија стаса до финалето на престижните Европски бизнис награди

euroawardРСМ Интернационал, водечкиот спонзор и корпоративен шампион на Европските Бизнис Награди кои промовираат комерцијална извонредност и препознавање на брилијаност во претприемништвото ја објави веста дека компанијата Комфи-Ангел ДОО Прилеп се пласираше како финалист и добитник на Ruban d’Honneur наградата за 2014/2015 година.
На доделувањето на Европските Бизнис Награди за 2014 година, кое се одржа во ноември 2014 година во Скопје во организација на ревизорското друштво Ценсум, член на РСМ Интернационал, компанијата Комфи-Ангел ДОО Прилеп беше прогласена како еден од десетте национални шампиони, а во следната фаза во која националните шампиони се натпреваруваа во нивната категорија со компании од цела Европа успеа да обезбеди место во финалната рунда. Финалната рунда ќе резултира со 11 севкупни победници по категории кои ќе бидат објавени подоцна оваа година.

Од вкупно 709 национални шампиони, угледниот панел на судии кој се состои од европски бизнис и политички лидери, академици и претприемачи одбра 110 добитници на одличјето Ruban d’Honneur.

По повод селекцијата на финалистите, Adrian Tripp, извршниот директор на Европските Бизнис Награди изјави: „Да се преживее во оваа економска клима е доволно тешко, па затоа да се успее, иновира и шири на начин на кој што тоа го направија овогодинешните добитници на Ruban D’Honneur наградата е навистина извонредно. На Европа и се потребни компании како овие. Браво за сите нив.“

За поддршката на компаниите кои учествуваат во ова натпреварување проговори и Jean Stephens, извршната директорка на РСМ, која истакнува дека РСМ е полн со страст за помагање на бизнисите и нивниот успех во Европа и во светот. Овие бизниси се типични на оние со кои компаниите членки на РСМ секојдневно соработуваат, а особено е охрабрувачки да се види дека растежот, просперитетот и квалитетот се признаваат и слават.

Процесот на судење го вклучува и јавниот глас кој ќе одлучи кои се „шампионите на јавноста“ на овој натпревар. Јавното гласање се одвива на интернет страницата www.businessawardeurope.com

Победниците од јавното гласање ќе бидат објавени на 3 март, 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top