| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Зекири не му ги постави најбитните прашања на Заев?

Untitled

Опозицискиот лидер Зоран Заев планира објавувањето на незаконски здобиените материјали да заврши за 30-45 дена. Ова е единствената новина што тој ја кажа во синоќешното гостување во емисијата „Патот кон“ на телевизија „Алсат-М“, која ја води еден од главните опозициски новинарски мегафони Мухамед Зекири. Иако, веројатно, јавноста очекуваше одговори на прашања што се најактуелни во врска со случајот „Пуч“ во кој Заев е осомничен, се слушнаа само неколку излитени тези со кои повторно неколкукратно се демантираше од тоа што го има кажано претходно.

Зекири не го праша или немаше храброст да го праша Заев за најбитните прашања. Дали тоа отвора сомнеж дека, можеби, Заев има материјали и за Зекири? Или во стил на новинарите на Милошевиќ од 90-тите поставуваше безлични прашања во функција на партиска пропаганда на СДСМ и противниците на ВМРО-ДПМНЕ?

Дека Зекири е дамнешен промотор на ширење на омраза кон вмровските политики е познато, но овој “голем борец за слобода и демократија” можеше барем да ги постави следните прашања за кои јавноста не доби одговор.

1. Дали некаде во светот премиер вади работни визи,како што вика Заев?

2. Каква работна виза може да се издаде за разузнавач како Верушевски, како што Заев вика дека странскиот премиер ургирал да се добие?

3. Зошто Заев по неколкукратно негирање призна дека со Верушевски имал средби и му пишувал писма?

4. Како е можно Заев самиот да преслуша материјал од наводни разговори за наводни 20000 граѓани ,кога за тој процес по тие бројки што ги кажува Заев се потребни 29 години доколку сам ги слуша разговорите?

4.Зошто Заев во последните неколку дена неколку пати самиот себе се демантираше и потврди дека лаже?

5.Дали не е закана и уцена позицијата на Заев дека ќе дава папки со разговори на граѓаните?

6.Дали некаде во Европа е дозволено јавно објавување на неовластени стекнати разговори?

7.Дали може некој јавно да објави материјали за Зекири?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top