| четврток, 6 декември 2018 |

Кери: Да се ублажат санкциите кон Русија кога ќе се спроведат договорите

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денеска дека САД би можеле да ги ублажат санкциите воведени кон Русија, ако договорите за уредување на конфликтот во Украина се испочитуваат.

– Ние ќе ја процениме посветеноста на Русија и сепаратистите врз основа на нивните акции, а не на зборови, наведе Кери во писменото соопштение, мислејќи притоа на договорот постигнат денеска во Минск, чија цел е прекин на борбите на истокот на Украина.

– Како што веќе долго говориме, САД се подготвени да го разгледаат ублажувањето санкции кон Русија кога во целост ќе биде спроведен договорот од Минск од септември 2014, како и овој најновиот, наведе Кери.

Претходно и Белата куќа соопшти дека новиот мировен договор меѓу Русија и Украина би можел да биде значен чекор напред кон мирно решавање на украинскиот конфликт.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест ги повика сите страни да преземат веднаш конкретни чекори во тој правец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top