| четврток, 6 декември 2018 |

Прекинат штрајкот на машиновозачите од Македонски железници, сообраќајот се нормализира

Штрајкувачкиот одбор на машиновозачите од Македонски железници оствари средба со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. По разговорите одлучено е штрајкот на машиновозачите од МЖ да се прекине и од понеделник да започнат преговори за колективниот договор- барање кое беше побарано од синдикалците. Во меѓувреме железничкиот сообраќај се нормализира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top