Пациенти низ цела Македонија се жалат дека со денови не можат да станат од постела, иако немаат покачена телесна температура. Ова според докторите е резултат на сезоната на респираторни зарази и на тешки вируси кои граѓаните ги приковаа за кревет, а освен ваквите вируси, владее и грипот. Почнува, велат медицинските лица, со болки во грлото, секрет, кашлање и болки во мускулите, па и покрај тоа што обично не се качува висока телесна температура болеста држи и до една недела, а се јавуваат и компликации како бронхитис, синуситис, инфекција на уво и слично. Ординациите на матичните лекари се полни, а освен оваа респираторна зараза, бладее и грипот. Лекарите со кои контактиравме советуваат да се избегнуваат масовни собири, контакти со болни од кои може да се пренесе заразата и да се внимава кога се оди на доктор, затоа што и во чекалниците може да дојде до пренесување на заразата. Покрај препишаната терапија, лекарите препорачуваат добар одмор, консумирање повеќе течности, користење здрава храна, а за подобар имунитет се препорачува чај од бозел, камилица, липа и жалфија, како и производи со витамин Ц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.