| четврток, 6 декември 2018 |

Михаил Гаревски: поплавите и дождовите нема да донесат земјотреси

Професорот Гаревски во разговоро за „Нова Македонија“ се осврнува на актуелните прашања за тоа дали обилните дождови и поплави што деновиве ја зафатија Македонија може да се сметаат како дополнителна опасност за предизвикување земјотреси?
– Во светот годишно се случуваат околу 120 земјотреси со магнитуда помеѓу шест и седум степени, што значи дека ако ги земеме предвид последните 20 години, се случиле околу 2.000 вакви земјотреси. Скопскиот катастрофален земјотрес од 1963 година се вбројува во овие земјотреси. Ако се погледне во литературата во врска со сите овие земјотреси, може да се види дека ниеден од нив не се доведува во корелација со обилни поплави. Значи, со сигурност може да се каже дека врнежите и поплавите воопшто не го зголемуваат ризикот од појава на разурнувачки земјотреси. Силните земјотреси се поврзани со тектониката на плочи и ослободувањето на енергијата на активните раседи при нивното придвижување. Позната е и таканаречената индуцирана сеизмичност, која се јавува од човечки активности, односно вадење нафта или при создавање вештачки езера, каде што товарот од водата е значителен и може да предизвика локални мали потреси, вели Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top