Со секоја јавна изјава лидерот на СДСМ, Зоран Заев, сѐ повеќе тоне во жив песок, а неговите лаги излегуваат на виделина. На тој начин тој го губи и онака слабиот морален кредибилитет. Покрај со лаги, изјавите на Заев се полни и со тешки контрадикторности. Во вечерашното интервју на „24 вести“, Заев изјави дека ќе ги објавувал материјалите кои неовластено ги поседува, а во кои, според него, имало наводен криминал.
По оваа изјава на Заев јавноста останува вчудовидена знаејќи за фактот дека Заев објави неовластено снимен материјал на кој лидерот на ДУИ, Али Ахмети, разговара со извесно лице Фатмир околу можностите за лекарски третман на извесно лице Ирфан, при што разговараат за состојбата на лицето Ирфан и за медицинските процени за неговото заздравување, како и за можностите за дополнителен лекарски третман.
Каков криминал гледа Заев во овој разговор останува непознато? И како може да биде криминал телефонски разговор за лекување човек? Заев очигледно е фатен жив во лагите и станува сѐ поконфузен и контрадикторен.
Се поставува прашањето дали Заев си замислува дека тој лично е апсолутен суд, па ќе цени што е криминал и од кого е криминалот?
Лидерот на опозицијата треба да одговори каков криминал направил Али Ахмети во моментот кога се обидел да најде решение за лекување на едно лице и со која цел го објави тој телефонски разговор?!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ахмети: Денко Малески е прифатлив консензуален кандидат за претседател
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Заев за грчки „Еуроњуз”: На Македонија не ѝ се потребни избори