Македонија лани ја посетиле за 4,8 отсто повеќе туристи од претходната година. Зголемување од 2,7 отсто има кај домашните, а за 6,4 отсто кај странските туристи.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014 година бројот на ноќевањата е зголемен за 1,8 отсто, при што кај домашните туристи има намалување за 0,2 отсто, а кај странските зголемување од 4,7 проценти.
Лани во декември во земјава имало 32.413 туристи кои оствариле 64.687 ноќевања.
Бројот на туристите во декември 2014 година, во однос на овој месец од 2013 година, е намален за 3,8 отсто, а бројот на ноќевањата за 6,3 проценти. При тоа бројот на домашните туристи е намален за 6,9, а на странските за 1,7 отсто. Воедно домашните туристи оствариле за 0,8 отсто помалку ноќевања, а странските за 10 проценти.
Најмногу туристи 3.866 биле од Бугарија, 3.212 туристи ја посетиле од Грција и 2.040 од Турција. Најпосетено било Скопје. Во текот на декември минатата година во Скопје, според статистичките податоци, имало 10.468.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Голема несреќа на Хаваи: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод