| четврток, 6 декември 2018 |

Кина егзекутираше еден од најбогатите мафијаши во светот

cr1(2)

Во многу држави во светот смртната казна е забранета, но во Кина немаат никаков проблем да ја применат, дури и кога виновникот е многу богат. Пред неколку дена во Кина беше егзекутиран маж по име Лиу Хан, за кој се верува дека е еден од најбогатите криминалци во светот. Тој беше шеф на компанија „Сичуан ханлонг мининг груп“.

cr2(3)

Минатата година Хан и 35 негови соработници беа уапсени под обвинение дека воделе криминална шема. Тие се занимавале со секакви криминални активности, нелегална продажба на оружје, нелегални казина, шпионажа, поткуп, трговија со дрога, манипулации на берзата, убиства, нелегално лихварство.

За време на дејност на компанијата, се смета дека таа има заработено преку седум милијарди долари од незаконски активности. При апсењето на Хан, во неговиот дом се пронајдени 20 пиштоли, 100 ножа, 600 куршуми и друга муниција. Тој бил шеф на мафијашката структура, а неговото лично богатсво од страна на кинеската влада се пресметува на најмалку 700 милиони долари. Во 2012 година тој бил на 148. место на листата на „Форбс“ на најбогатите луѓе во светот.

_80887827_80887221

Минатата година во Иран го егзекутираа бизнисменот Махафарид Амир Кошвари, кој со години беше најбогатиот жител на земјата, со богатство од една милијарда долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top