Одреден е датумот за разговори меѓу бугарската и македонската работна група за подготовка на Договорот за добрососедство. Ова го изјави министерот за надворешни работи, Даниел Митов, во одговор на прашање на БГНЕС.
-Добрососедските односи се основен столб во разговорите за европскиот пат на секоја од земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија. Треба да вложиме напори овие добрососедски односи да бидат форматирани на соодветниот начин – рече Митов.
Тој потсети дека продолжуваат разговорите меѓу Софија и Скопје за Договорот за добрососедство.
– Веќе го одредивме датумот на кој двете работни групи, од двете министерства, ќе го продолжат овој разговор. По посетата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов на Бугарија, се разјасни дека Декларацијата од 1999 година и нејзиниот дух и содржина, треба да се вметнат во соодветниот договор, кој ќе се подготви – изјави Митов и изрази надеж дека тоа да ќе случи.
-Дали тоа ќе се случи или не, ќе видиме на преговорите. Ќе имаме разговори на сите нивоа – рече тој и додаде дека за време на Минхенската конференција за безбедност, која се одржа на крајот од минатата недела, веќе имал можност да разговара со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски.
Митов ги коментира и односите со Белград, кој, исто така, сака да се приклучи кон Европската унија.
-Во однос на Србија, ние не само што ја поддржуваме, туку целосно се солидаризираме со напорите на Владата да ги исполни критериумите за своето членство, изјави бугарскиот министер за надворешни работи.
Тој смета дека сите земји-кандидатки, исто така, би требало да исполнат и одредени технички критериуми, но и постепено да почнат да се солидаризираат со заедничката надворешна политика и политиката за безбедност на ЕУ.
Последниве месеци, кога односите меѓу ЕУ и Русија се влошуваат, Србија се обиде да ги задржи добрите врски со Москва и одби да се приклучи кон наметнати санкции од страна на Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст