Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за време на синоќешното гостување во емисијата „Анализа“ на „24 вести“ посочи дека во целиот концепт околу „бомбите“ му помогнал и Андреј Жерновски. Со тоа, тој директно го вовлече и градоначалникот на Центар во скандалот, односно во аферата „Пуч“.
– Андреј Жерновски поради тоа што ми помогна во целиот овој концепт, консултирајќи го, дали сѐ уште ќе излезе на тој прв прес со мене оти повеќе не е претседател на ЛДП, расчекор беше периодот ќе е претседател или не – посочи Заев во емисијата.
Со ваквите тврдења, Заев го вовлекува во целата афера и првиот човек на Општина Центар. Останува нејасно дали помошта на Жерновски кон Заев се однесува на концептот на прибирање на неовластено стекнатите материјали или, пак, на концептот на пласирање на тие неовластено и незаконски прибрани материјали. Со ваквите изјави, независно дали се алудира на прибирањето на незаконски стекнатите материјали или, пак, на нивното пласирање во јавноста, Заев го вовлекува и може да се смета дека и го инкриминира и Жерновски во целата афера, велат експертите.
Освен што ги уценува и своите сопартијци, како што беше објавено во дел од медиумите, и што ја вовлече партијата во тужбата против премиерот Груевски, наместо, како што рече, тој сам да тужи, Зоран Заев сега го влече со себе во калта и Жерновски.
Претседателот на СДСМ во синоќешното интервју рече дека на некои луѓе ќе им подели папки со неовластено снимените материјали, а наводно потоа ќе го уништел материјалот.
– Некои луѓе за себе ќе ги добијат папките, кои нема да бидат објавени, а потоа, на крајот, јавно ќе го уништиме целиот материјал – рече Заев при гостувањето во „24 Анализа“.
Ова не е ништо друго освен уцена, коментираат експертите. Според нив, на тој начин Заев сака со поделување на материјалите да ги држи во заложништво и под постојана уцена лицата на кои ќе им ги подели неовластено стекнатите и поседувани материјали и дека оваа порака, пред сѐ, е насочена кон сопартијците и коалициските партнери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст