Продолжува дијалогот меѓу Владата и претставниците на академската заедница за подобрување на пакетот реформи што треба да се спроведат во високото образование.
Министерството за образование и наука денеска соопшти дека во следните неколку дена треба да се официјализираат работните групи што ќе ги предложат двете страни, по што се очекува почнување на дебатата во која Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе ги номинира претставниците на академската заедница, професорите и студентите кои ќе учествуваат во целосното заокружување на процесот и реализација на договорот од иницијалната средба.
Предлог-законот со кој се одложува примената на последните измени за една година, односно за дел од нив за две години, беа усвоени вчера на собраниска седница. Предлог-законот следуваше по постигнатиот договор од одржаната иницијална средба на 6 февруари меѓу претставниците на Владата и Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.