Необична продавница за месо од луѓе ги отвори своите врати на познатиот лондонски пазар „Смитфилд“.
Лондончани можат да го купат секој дел од човечкото тело, раце, уши, па дури и нозе. Ужасната продавница е рекламен потег, измислен за да рекламира популарна игра.
Влегувајќи во продавницата, вие влегувате во мртовачницата, се фалат креаторите на оваа чудна творба. Дефинитивно продавницата не е за луѓе со слабо срце. Делови од човечко тело се спакувани во кеси, а потоа се ставени во витрините за да ги гледаат сите кои поминуваат.
Разликата во цените на човечка рака и нога речиси нема. За скоро 6 фунти ќе го добиете посакуваното и ќе бидете подготвени да ги изненадите гостите, на пример, со вкусна рака на скара.
Човечките екстремитети изгледаат многу оргинално, но се направени од животинско месо, категорични се креаторите на оваа глупа продавница. Рекламната цел на продавницата е постигната. Таа брзо станува хит во цел Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Србија уапсени луѓе заради продажба на 31 тон расипано месо од Бразил
-
Полицаец се заканувал со пиштол во месарница, не му се допаднало месото
-
Компании од Бразил добиле забрана за извоз на месо во Македонија поради небезбедно месо
-
Во 398 контроли на месарници уништени 414 килограми небезбедно месо








