| четврток, 6 декември 2018 |

На какво „пукање“ мислеше Заев?

Новинарот на локалната телевизија „Канал ВИС“ Сашко Попов ја побарал за жена новинарката на ТВ „Интел“ Тања Грошева, на предновогодишната средба на градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, со новинарите.

Идниот младоженец решил токму тогаш да ја побара за жена својата љубов, на втората годишнина од нивната врска, која почнала токму на таква, новогодишната средба на градоначалникот Заев со новинарите во 2010 година.

Првите честитки до идните младенци им ги упатил Зоран Заев, кој им подарил апартман во хотелот „Сириус“, со комплет услуги од спа-центарот, јави порталот „Југоинфо“.

Во воздухот лебди прашањето, дали потпретседателот на СДСМ им подарил апартман или аранжман во апартманов и дали кога неодамна изјави дека ќе се пука, всушност, мислел на народниот обиичај – пукање на свадба?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top