| четврток, 6 декември 2018 |

Кристина Агилера ја згрози јавноста со фотографија од нејзиното бебе (ФОТО)

B9i6IsNCYAAilUS

Американската пејачка Кристина Агилера одлучи за првпат да ја покаже шестмесечната ќерка Самер Реин пред јавноста со екслузивно интервју и фотосесија во „Пипл“. Но, насловната страница на магазинот е до толку фотошопирана што бебето личи на пластична кукла.

Повеќето од коментарите на фотографијата се негативни и го напаѓаат магазинот за претераната дигитална обработка на лицето на Самер, но и Кристина Агилера која дозволила нејзиното бебе да биде до таа мера фотошопирано.

На девојчето видливо му е изменета бојата на очите, а лицето до толку дигитализирано, што таа не личи на човечко бебе.

Видлива е разликата помеѓу насловната слика од бебето и оние во внатрешниот дел од списанието.

christina-aguilera-1-600x450

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top