Автономниот културно-социјален центар го одбележува 13 февруари -Светскиот ден на радиото – со колекција на аудиодела од учесници од различни земји кои се однесуваат на темата „Странец“.
Настанот под наслов „Странецот кој е до мене“, колекција на аудиодела на учесници од различни земји кои се однесуваат на темата „Странец“, по повод одбележување на Светскиот ден на радиото, кој ќе се одржи во просторот на АКСЦ в петок, 13 февруари, од 19 до 23 часот .
Делата кои ќе можат да се чујат се резултат од отворениот радио повик „Странецот кој е до мене“ (The stranger next to me), првично организиран од страна на Brandon LaBelle и stress.fm, а дел од програмата ECHOES на колективот Osso од Лисабон. Се работи за колекција на аудио дела од учесници од различни земји кој се бават со звучна уметност, а на овој повик создаваа дела кој се однесуваат на темата „Странец“. Покрај оваа тема, делата се однесуваат и на прашањата: Како да се создаде и да се даде значење на простор и територија во границите на еден екосистем? Како да се однесуваме едни кон други, со странецот, соседот? Дали конфликтот е императив во создавањето на заедницата?
На оваа аудио изложба слушателите ќе имаат прилика да чујат 58 дела на артисти кои доаѓаат од повеќе од 30 земји, меѓу кои Jan Van Den Dobbelsteen, Paul Collins, John Tenney, John F. Barber, Nichola Scrutton, Brane Zorman, Eric Boivin, Taina Riikonen, David Berlin, Kadri Laanes, Gil Trythall, Juan Vasquez… Минатата година делата беа изложени во проектниот простор Errant Bodies во Берлин, а по повод светскиот ден на радиото доаѓаат и во Скопје, каде публиката во АКСЦ ќе има прилика да ги слушне неколку пати во текот на денот од помеѓу 19-23 ч. Куратор на настанот е Тони Димитров.
Странецот… кој е до мене, кој е таму, кој е пред мене, кој си оди, кој брзо се доближува, кој е на следната маса, седи напред, гледа во просторот, кој ништо не прави, со кој се судирам, кој е надвор, на плажата, кој прекинува, одеднаш подава рака, кој е како олицетворение на градскиот живот, што не можам да го превидам, чија судбина е да се остане на периферијата, кој не сака да биде странец, кој вози велосипед, кој не гледа повеќе во прозорецот, на нејзиниот телефон, кој е никој и никаде, кој не го знам ниту пак некогаш ќе го запознаам, чии очи никогаш нема да престанат да се движат, кој ни се насмевнува или што се чини дека се заканува, дека сака да пее во јавност, без дом, и кој би сакал да го запознам, со кој се слушаме…
13 февруари е Светскиот ден на радиото – ден на кој се прослава радиото како медиум, на кој се подобрува меѓународната соработка меѓу радиодифузерите и се поттикнуваат големите мрежи и радио заедницата, да го промовира пристапот кон информациите и слободата на изразување низ радио брановите. Радиото продолжува да се развива и во дигиталната ера, и останува медиум кој допира до најширока публика во целиот свет. Стигнува до повеќе луѓе и на повеќе места отколку било кој друг медиум, и претставува мост за комуникација за оддалечените заедници, региони во развој и ранливите популации, понекогаш и без други врската со надворешниот свет.
Светскиот ден на радиото е прогласен на 3 ноември 2011 година на 36-тата Генерална конференција на УНЕСКО, а е предложен од страна на Шпанија. Генералната конференција објави дека овој ден ќе се слави од страна на УНЕСКО на 13 февруари, на годишнината од денот кога Обединетите нации го основаа Радиото на Обединетите нации во 1946 година. Сите регионални и меѓународни радиодифузни организации го поддржуваат прогласувањето. Различни тела од радио индустријата ширум светот ја поддржуваат иницијативата, преку поттикнување радио станиците во развиените земји да им помогнат на оние во земјите во развој.
Темата на светскиот ден на радиото оваа година е младите и радиото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст