| четврток, 6 декември 2018 |

Пад на еврото по неуспешните преговори за Грција

silnata-zelena-banknota-ne-ni-smeta-uvezuvame-vo-evra-215550

Еврото денес поевтини, откако министрите за финансии од еврозоната не успеајa да постигнат нов договор со Грција, а во исто време австралискиот долар падна за речиси 1% по изненадувачки слаби податоци за вработувањето. Еврото се намали до 1.1309 во однос на доларот и до 135.95 во однос на јенот. Во однос на британската фунта европската валута се тргува спрема 74.20 пени, откако во средата го достигна седумгодишно дно од 73.85. По седум часа преговори, министрите за финансии од еврозоната не успеаја да се договорат со Грција во однос на условите за нејзиниот долг, како и евентуалните наредни чекори кои треба да бидат преземени. Двете земји, кои ќе се состанат повторно в понеделник, го омаловажија неуспехот и рекоа дека многу малку пазарни учесници очекувале денеска да биде склучена одредена трансакција. Веста, сепак, го наруши оптимизмот на пазарите откако пред тоа „Си-Ен-Би-Си“ објавила дека е постигната начелна согласност. На заднината на сето тоа, индексот на доларот се задржува во близина на тринеделното дно од 95.115 поени.

usdeur

Доларот поевтини малку во однос на јенот до 120.10, но, сепак, останува во близина на петгодишниот врв од 120.48. Примарните валути поевтинуваат откако цената на нафтата повторно тргна надолу, откако стана јасно дека нафтените резерви достигнаа рекордни нивоа. Австралискиот долар падна до 0.7644 американски центи или блиску до 5,5 годишното дно, од 0.7627, достигнато порано во текот на месецот, откако слабите податоци за вработувањето во Австралија ги зголемија очекувањата за намалување на каматата од страна на Централната банка на Австралија. Стапката на невработеност во Австралија скокна од 6,1% на 6,4%, што е невообичаено големо унапредување. Бројот на вработените е намален за 12.200 во јануари, додека аналитичарите очекуваат раст на вработеноста од 5.000.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top