Трендот да се биде слаб и натаму царува во Холивуд, па поради желбата да се вклопат во наметнатите стандарди, многу дами станале жртви во нарушувањето на исхраната, анорексија и булимија. Не така мал број од нив завршил во болница поради тоа, но, за жал, не се откажале од идејата да бидат слаби.
ВИКТОРИЈА БЕКАМ
Најпознатата трендсетерка, освен по својата љубов за модата, е позната по уште две работи. Викторија многу ретко се смее и многу води сметка за својот изглед. Од чудни третмани за лице, како што е оној во кој се става измет од птица на лице, особено од славеј, до опсесивната грижа за исхраната. Иако на својот профил на „Твитер“ пишува за својата љубов кон здравата храна и животот, оваа мајка на четири деца и сопруга на Дејвид Бекам, според мислењето на многумина, е преслаба.
ДЕМИ МУР
Деми Мур многу години важеше за една од најатрактивните холивудски актерки. Во прилог на тоа тврдење е и фактот дека успеала да заведе, а подоцна и да се омажи за 16 години помладиот колега Ештон Качер. Меѓутоа, последните неколк години Деми се бори со сериозни проблеми кои не само што го нарушија нејзиниот изглед, туку и нејзиното здравје. Пред две години таа беше примена во болница поради проблеми со алхокол и со лекарства, а лечена е и од анорексија.
НИКОЛ РИЧИ
Нејзината борба со килограмите е позната одамна. Никол од секогаш била слаба, но и покрај тоа таа е опседната со желбата да биде послаба. Таа во еден период од својот живот тежела едвај четириесет килограми, а висока е 157 сантиметри. Никол повторно предизвика загриженост за нејзиното здравје кога во јавноста се појави информација дека најверојатно внесува само 600 калории дневно.
ДЕНИС РИЧАРДС
Некогаш една од најубавите актерки, денес е една од најслабите. Денис Ричардс по многубројните диети изгледа исцрпено и уморно. Сепак, поранешната сопруга на Чарли Шин не се откажува од намерата да биде слаба, па и натаму секојдневно вежба и ја брои секоја калорија.
ТАРА РИД
Тара Рид често е цел на критики од страна на медиумите поради својот изглед, но таа и натаму гордо поставува фотографии на социјалните мрежи на кои е разголена. Тара во 2004 година направила липосукција, а на нејзиниот стомак и денес се воочливи последиците од зафатот, кој очигледно е неуспешен. Американските медиуми тврдат дека таа ја губи својата битка со анорексијата.
МИША БАРТОН
Американската актерка со анорекцијата првпат се сретнала за време на снимањето на серијата „Округот Оринџ“. Поради своите здравствени проблеми, повеќе пати била во болница, а покрај тоа се борела и со зависноста од лекарства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.