Обидете се брзо да ја решите следнава задача. За нејзин автор се смета Лав Толстој, кој ја измислил за втор клас на парохиските црковни училишта. Велат дека денес правилно можат да ја решат само 30% од средношколците, 20% од учениците и само 10% од вработените во банкарски и во финансиски институции.
За решение на задачата се дава време од 1 минута.
Продавач продава шапки. Една шапка чини 10 рубљи. Доаѓа маж пробува и сака да купи, но има само една банкнота од 25 рубљи. Продавачот го испраќа својот помошник со овие 25 рубљи кај соседката да ги раситни. Момчето истрчува и носи 10 + 10 + 5 рубљи. Продавачот му ја дава шапката и му го враќа кусурот од 15 рубљи. По некое време доаѓа сосетката и вели дека оние 25 рубљи се лажни и си ги сака парите назад. Што да се прави? Продавачот ја отвора касата и ги враќа нејзините пари.
Прашањето е: Колку е во загуба продавачот?
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Одговор
Продавачот имал капа и немал пари. 25-те лажни рубљи тој ги добил раситнети и вистински, и во тој момент имал +25 рубли. Од нив си остава 10, а 15 му враќа на купувачот и му ја дава шапката. Сосетката доаѓа и сака 25 рубљи. Бидејќи продавачот на шапки е во плус со 10 рубљи, тој треба да додаде уште 15. Односно неговата загуба е 15 рубљи и една шапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст