| четврток, 6 декември 2018 |

Tемпературa под нула низ цела Македонија

stud 1
Најниска температура во Македонија во седум часот изутрината е измерена во Маврово, – 15 Целзиусови степени , -14 во Лазарополе, -12 во Крушево и во Берово. Минус девет степени се измерени во Крива Паланка и во Претор, – 8 во Битола, – 7 Охрид, Штип и Виница, – 6 Скопје-Петровец, Тетово, Куманово, Струмица, Прилеп и Демир Капија, – 5 Скопје- Зајчев Рид и Кавадарци, – 2 Дојран и -1 во Гевгелија.
На Маврови Анови висината на снежната покривка достигна 64 сантиметри, 42 во Лазарополе, 36 во Крушево, а во Пожаране 7 сантиметри.

Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавува претежно сончево време со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 5 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време. Утринската температура ќе биде ниска и во следните два дена на повеќе места ќе се спушти меѓу -10 и -5 степени, а од петок температурите ќе бидат во постепен пораст.

За време на викендот, особено во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top