Нема крај на контрадикторностите на Зоран Заев.
Во емисија на една телевизија вечерва, Заев посочи дека од прислушуваните материјали добиени, како што самиот еднаш потврди, странски разузнувачки служби, ќе бидат објавени само оние поврзани со криминал.
– Целиот материјал ќе биде објавуван, оној што се однесува до криминалот, но не се. Некои луѓе за себе ќе ги добијат папките, кои нема да бидат објавени, а потоа, на крајот јавно ќе го уништиме целиот материјал. Нашата цел не е да изигруваме воајери, туку да се вратат слободата и демократијата во Македонија – рече Заев.

Но, сепак, во првата „презентација“ на материјалите, беа објавени приватни разговори. Кој е криминалот за кој зборат, на пример лидерот на ДУИ Али Ахмети, или првиот човек на ДПА Мендух Тачи? Иако вели дека ќе биде објавено само тоа што е поврзано со криминалот на власта, сепак контрадикторностите немаат крај. Во неговата конфузност, фатен во лага, Заев ли треба да биде човекот што би ценел што е криминал, а што не? Заев ли е апсолутниот морален суд? Кој по вакви негови однесувања треба да верува дека Заев во иднина нема повторно да уценува дел од снимените за лична корист?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.