Дваесет и четири чaса откако ѝ беше извршена операција, Робертина Мечевска сѐ уште се наоѓа во критична состојба и во животна опасност. Таа има тешкотии во дишењето поради тоа што белите дробови ѝ се нагмечени и поставена е на апарати за дишење. Раководителката на одделот за Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), д-р Тања Спировска, вели дека состојбата е критична и за жал тешко е да се очекува драстично подобрување во скоро време.
„За жал нема нови моменти, таа е уште во критична состојба. Не очекувајте некои драстични промени кон подобро наскоро, затоа што состојбата е навистина тешка, страшни се повредите. Ние ќе се обидеме и веќе правиме напори таа да се излечи, но самото тоа што е на машина за дишење, што не е способна да дише сама поради повредите на белите дробови, ја става во категоријата на мошне критични пациенти“, изјави д-р Спировска за Спортмедиа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



