Кривична пријава и 15 дневен притвор заработи 26 годишниот В.А. за кривичното дело „предизвикување општа опасност“.
Како што соопшти полицијата, тој пред пет дена на улицата „Менделеева“ во близина на Природно математички факултет поточно во парк шума „Гази Баба“ при вербална расправија поради нерасчистени должничко доверителни односи со 19 годишниот Л.Е. од село Арачиново, извадил пиштол непозната марка и калибар кој го носел со себе и испукал еден до два куршуми по што Л.Е. се дал во бегство.
Според истрагата, половина час пред средбата, пријавениот телефонски се јавил кај лицето Л.Е. и го известил дека парите кој што постојано ги барал нема да му ги врати по што настанала вербална расправија, а на крајот В.А. го прашал Л.Е. каде се наоѓа за физички да се пресметат.
Околу 23 часот В.А. пристигнал на местото и по кратка вербална расправија со Латиф, во еден момент В.А. извадил пиштол и го вперил кон Л.Е. при што веднаш се дал во бегство кон парк шумата, додека В.А. испукал еден до два куршуми, се вели во соопштението.
Веднаш потоа, Л.Е. телефонски го известил неговиот пријател Ф.А. (23) кој настанот го пријавил во полиција. В.А. е лоциран на улица „Бајрам Шабани“, пресретнат и фатен од полициски службеници и е приведен во Полициската станица Кисела Вода.
Од извршената проверка лицето В.А. во крим-евиденциите на СВР-Скопје бил евидентиран за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“, „насилство“, „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, „предизвикување општа опасност“, „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.