| четврток, 6 декември 2018 |

САД го разгледуваат барањето на Авганистан за побавно повлекување на американската војска

обама2

Претседателот на САД Барак Обама го разгледува барањето на авганистанскиот колега Ашраф Гани да се забави темпото на повлекување на американските војници од Авганистан, изјави денеска висок претставник во Вашингтон.

– Претседателот Гани побара да се покаже флексибилност во повлекувањето на силите и затворање на базите во следните две години и ние активно го разгледуваме тоа барање – изјави анонимен владин претставник.

Ашраф Гани идниот месец ќе се сретне со Барак Обама во Вашингтон. Минатиот месец авганистанскиот претседател јавно зборуваше за американскиот план, што предвидува во 2015 година бројот на воени службеници во Авганистан да се намали за половина, а во 2016 година дополнително да се ограничи. Гани тогаш изјави дека би сакал порастеган распоред на повлекување, истакнувајќи дека роковите не треба да претставуваат догми.

Коалицијата во Авганистан предводена од САД ја прекина воената мисија кон крајот на минатата година по 13 години воена операција. Околу 13.000 странски војници, повеќето американски, се уште остануваат на територија на Авганистан, со цел за обука на авганистанските сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top