
Американската амбасада во Тирана, преку соопштение објвено на профилот на амбасадата на социјалната мрежа Фејсбук позитивно одговори на барањето на Владата на албанскиот премиер Еди Рама, за помош за жителите од поплавенте подрачја.
– Во одговорот на барањето за помош од Владата на САД, преку Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД/Албанија) информраме дека ќе бидат доделени 750.000 долари техничка и финансиска помош за настраданите подрачја од поплавите. Ние тесно ќе сорабтуваме со албанските локални власти и невладини организации во напорите за надминување на последиците од поплавите – стои меѓу другото во соопштението.
Во истото се наведува дека претставници на УСАИД ги посетиле настраданите подрачја и оти одржуваат редовни контакти со централните и локалните власти и погодените фармери, за да се изнајде најдобар начин за да се помогне.
Нашето внимание, како што стои понатаму, е со многуте албански семејства кои ги изгубија куќите, фармите и добитокот, како последица од поплавите и се надеваме дека со ова ќе понудиме помош со која ќе бидат обновени нивните домови и имоти.
Претходно за настраданите подрачја од поплавите во Албанија 50 илјади евра додели српската влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија


