студенти

Студентите ги окупираа факултетите на скопскиот универзитет. Прогласија слободна автономна зона на филозофскиот и филолошкиот, а потоа и на правниот и економскиот факултет.

Велат настава нема да има, а ќе останат и да спијат на факултетите се додека надлежните не ги  исполнат нивните барања за  целосно укинување на Законот за високо образование и формирање на нов, во кој тие и професорите ќе бидат активно вклучени.

Студентите добија подршка и од професорите кои нивното делување го оценија како очекувано и конечно будење на прогресивната младина.

Окупацијата на факултетите доаѓа неколку дена по средбата во Владата, помеѓу студентите, професорите и премиерот Никола Груевски на која беше договорена одложена примена на измените во постојниот закон, со која државниот испит треба  да биде одложен за една, а другите спорни одредби за две години.