Додека надлежните институции не се изјаснат дали лидерот на опозицијата направил кривично дело, ќе ја почитуваме пресумпцијата на невиност и нема да го прогласиме завиновен за обид за недемократско преземање на власта. Во меѓувреме, немаме пречка да го анализираме тоа што го видовме и чувме досега, но и сето тоа за што јавноста беше излажана во врска со случајот „Пуч“.
Заев, кој пред само десетина дена по којзнае кој пат тврдеше дека немал тајни средби со премиерот на кои разговарале на тема „бомби“, неделава го видовме на видеоснимка како го убедува Груевски дека „има компромитирачки материјали добиени од странски служби“.
Медиумот близок до опозицијата, кој ја лиферуваше информацијата за средбите, уште веднаш објави демант од Заев. Една недела подоцна, кога беше објавено видеото и кога Заев беше фатен во лага, истиот тој весник, не го потсети дека не само што дрско ја лажеше јавноста, туку и дека ги злоупотреби како медиум за да ја пласира оваа лага. Со оглед на нивната блискост, разбирлива е нивната одлука да го поштедат од распнување, како што би се случило ако во истата ситуација се најдеше премиерот.
Заев, пак, не само што не почувствува некаква морална одговорност за лагите што ги изнесе, туку не се ни обиде да ги негира видеата од тајните средби. Место тоа, лидерот на опозицијата, крајно инфантилно, си припиша уште една лага. Демек го лажел премиерот кога му рекол дека соработувал со странски служби. Кого лажел и кога лажел нека утврдуваат институциите. Факт е дека човекот што сонува да стане премиер лаже штом ќе зине, а најголемата опозициска партија во државата се сведе на ниво да ги правда лагите на лидерот со народната „зини да ти кажам“.
Многу духовито и инвентивно од нивна страна, нема што. Останува само дилема, освен Груевски, кого сѐ излажал досега овој мангуп? Сопартијците, народот, сите заедно или сам себе кога мисли дека некој му верува? Го лажеше ли и Тачи кога преку СМС го молеше за коалиција и му се фалеше дека „го подготвувале повисоките надвор од Македонија“? Ги лажел ли сопартијците на кои им тврдел дека имаат поддршка од Западот за да ја сменат власта? Лажеше ли кога се фалеше дека ќе ја „свитка кичмата“, дека „ќе јаде живи луѓе“, дека наскоро „ќе се пука“, дека ќе менува сѐ од чистачка до министер…?
Никој не можеше да поверува дека човекот што требаше да биде мотор на СДСМ, кој ќе ја извади партијата од тињата и ќе ја врати на власт, ќе се претвори во барон Минхаузен и со својата опсесија да лаже кого стигне ќе ја уништи целата опозиција, а во исто време ќе ѝ направи и огромна штета на државата.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст