Полицијата на гратчето Чапам Хил го уапси напаѓачот кој пукаше и усмрти тројца студенти муслимани, вклучувајќи маж и жена во овој универзитетскиот град во американската сојузна држава Северна Каролина, јавија денеска американските медиуми.
Напаѓачот, идентификуван како Крег Стивен Хикс (46), е обвинет за убиство од прв степен по три точки од обвинението и се наоѓа во затворот во Дарам.
Жртви на нападот се жителите на Чапел Хил, Деах Шади Баракат (23), неговата сопруга Јусор Абу-Салха (21) и нејзината сестра Разан Абу Салха (19) од Рали.
Баракат бил студент на втора година на факултетот по стоматологија во Чапел Хил, а неговата сопруга требало есенва да почне со студирање, исто така, на факултетот за стоматологија.
Разан Абу Салха била студент на Државниот универзитет Северна Каролина.
Полицијата, засега, не го открива мотивот за нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.