Италијанската ДФ Лабс интернешнл планира во претставништвото во Скопје до крајот на годината да вработи 25 лица, а до крајот на следната година 50.
По стартот со работа во септември лани, компанијата неодамна го испрати својот македонски тим во Рим на двомесечна специјализирана обука од областа на сајбер форензиката и дигиталните крим техники.
– Ова е одличен пример за тоа како брзорастечки компании кои нудат високо квалитативни решенија едуцираат и обучуваат со најсовремени софтверски вештини македонски млади дипломирани студенти, смета министерот за странски инвестиции Џери Наумоф.
ДФ Лабс интернешнл е рангирана на 17 позиција од топ 500 најиновативни компании од областа на сајбер безбедноста за 2015 во првото издание на Cybersecurity.
Според Наумоф, од големо значење за Македонија е да постојат и успешно работат вакви иновативни компании како ДФ Лабс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст