| четврток, 6 декември 2018 |

Тринаестгодишник се заканувал со пиштол на соученик

пистол

Тринаесетгодишно момче му вперило пиштол во главата на 10-годишен соученик во дворот на ОУ„Гоце Делчев“ во Тетово, соопшти МВР.

К.З.(37) од с.Порој вчера во тетовската полиција пријавил дека на 09.02.2015 година околу 18,00 часот кога неговиот 10-годишен син излегол во училишниот двор му се приближил 13-годишен ученик од истото училиште, кој бил заедно со уште неколку други ученици при што од џебот извадил и му вперил пиштол во главата и со цевката го удрил по лицето и заминал.

Тринаесетгодишниот ученик е повикан на разговор во полиција во присуство на родител и притоа му се одземени пиштол „Зброевка“ калибар 7,65 милиметри, празна рамка и пакување со 25 кушуми од истиот калибар.

Исто така, во полициската станица е повикана е и 12-годишна ученичка од друго училиште. Во координација со јавен обвинител се преземаат активности за расветлување на сите поединости околу тоа чиј е  пиштолот и како се нашол кај 13 годишниот малолетник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top