
Џон Стјуарт, популарниот американски сатиричар синоќа најави крај на својата емисија „Дејли шоу“ по пауза од 16 години.
– Во срцето знам дека е време за некој друг. Ушт не се знаат деталите за тоа кога ќе биде емитувана последната епозода, но тоа веројатно ќе биде во период меѓу јули и декември оваа година. Немам некои специфични планови. Имам многу идеи – изјави Стјуарт.
Тој навести дека сака промена, бидејќи не му одговара темпото. Тој имаше емисија четири пати во неделата.
Емисијата која претходно ја водеше Крег Килборн го лансираше Стјуарт како исклучителна сила во американскиот политички и медиумски живот.
Комичарот, кој беше и извршен продуцент, го гледале 2,2 милиони гледачи по емисија. Со острата сатира која провоцираше тој успеваше да ја обликува и политичката агенда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


