| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската филмска индустрија пред 14 милиони обожаватели во Холивуд

makedonskafilmskaa

Македонската филмска индустрија и можностите за снимање на филмови во Република Македонија беа презентирани во САД преку текст во специјализираниот магазин за филмска индустрија Variety.

Имено, Variety е магазин (неделен и дневен) со голем тираж и голема читаност,  проценета бројка на читатели е околу 120.000, додека пак веб страната variety.com има 14 милиони посети дневно. Македонската филмска индустрија и можностите за снимање на филмови во Македонија, како и прекрасните локации кои ги нуди, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија успешно ги промовира во светскиот филмски центар Лос Анџелес преку својот промотор Васко Давидовски.

Електронското издание можете да го прочитате на следниов линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top