| четврток, 6 декември 2018 |

„Мартинки“ на Весна Ацевска објавена во Хрватска

Хрватската издавачка куќа ФИДИПИ објави поетски избор од Весна Ацевска, со наслов „Мартинки“, кој се продава во книжарниците во Загреб. Изданието содржи стотина песни од сите стихозбирки на Ацевска, а автори на изборот и на препевот на хрватски јазик се професорот Борислав Павловски и поетесата Ружица Циндори.

– Мартинки се посебен вид украси, кои се даруваат за здравје, среќа и љубов. Песните во овој избор се мои пролетни мартинки за читателите, тие ги содржат студот и свежината на раната пролет, но и надежта во растежот на светлината и топлината. Оваа спротивност е виножитен мост по кој истовремено патуваат животот и смртта – изјави Ацевска.

Весна Ацевска (1952) е авторка на шест поетски книги и на три романи за млади, како и на голем број препеви од руски и од јужнословенски јазици. Нејзини поетски избори се објавени на македонски, албански и на англиски јазик во Македонија, како и во Романија, Турција, Србија, Бугарија, Полска, а сега и во Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top