| четврток, 6 декември 2018 |

ЖРК Вардар: Робертина е борец, голем човек и спортист и веруваме дека повторно ќе биде со нас на терен

zrk-vardar-poster-675x320

Веста за несреќата на Робертина Мечевска силно ги потресе сите во клубот и ракометниот клуб испрати соопштение во кое се вели дека популарната Мече е борец и голем спортист и сите веруваат дека таа повторно ќе биде на теренот.

„Девојките беа на попладневниот тренинг кога ја слушнаа веста. Во моментов Робертина Мечевска е примена на Клиничкиот Центар во Скопје, и клубот прави сѐ што е во негова моќ да и помогне, да го надмине ова што ѝ се случи. Ситуацијата е сериозна, а ние како клуб сме во постојан контакт со сите доктори кои се грижат за нејзиното здравје. Робертина е дел од семејството на Вардар, репрезентативец на Македонија, голем борец, и веруваме дека ќе успее да се опорави и да го надмине овој тежок период во нејзиниот живот. Луѓето од клубот веднаш по дознавањето беа во болница, и се во тек се што се случува. Робертина е борец, голем човек и спортист, и веруваме дека повторно ќе биде со нас на теренот“ се вели во соопштението од ЖРК Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top