Водата полека се повлекува, а речните корита се враќаат во првобитниот тек. Сега следува период на чистење и санација на штетите. Во најпогодената општина од поплавите Чешиново-Облешево ќе се започне со дератизација и дезинсекција на домовите, фармите и земјоделските површини.
Велат, се очекува наезда од глодари, која може да го уништи и она малку што успеале земјоделците да го спасат од надојдените води.
Во Штип дезинсекција, дератизација и дезинфекција ќе се врши во март. Од општината велат дека до нив до сега не е пристигнато укажување за преземање на вонредни мерки. Но, доколку добијат вакво укажување, со уништување на глодари и инсекти ќе стартуваат порано од предвиденото.
Во меѓувреме општините ги санираат речните корита. Механизацијата на терен и во останатите општини. Во Карбинци се санира коритото на Козјачка, а во Штип на Балталијска река.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.