| четврток, 6 декември 2018 |

Спинува Заев, спинуваат и Грците: СДСМ покажале дека Владата нелегално прислушкувала!?

заев

Новиот миленик на грчката публика Зоран Заев и натаму една од топ темите кај јужниот сосед, јавува дописникот на Нетпрес од Атина. Иако до неодамна лидерот на опозициската партија велеше дека снимките ги добил од странски тајни служби, а соработката со нив лично ја потврди најмалку три пати, Заев сега ја менува приказната, а дел од грчките медиуми тоа го претставуваат како апсолутна вистина.

Еден од нив е и весникот „Етнос“ кој што и пред неколку дена во одбрана на Заев коментираше дека премиерот Никола Груевски тргнал во лов на вештерки гонејќи ги политичките опоненти.

„Орвелски режим постави македонскиот премиер Никола Груевски следејќи низ мрежата на тајната служба на земјата информации за над 20 000 лица“, коментира „Етнос“ повикувајќи се на вчерашната прес конфернција на Зоран Заев.

zaev

И националистичкиот портал „Hellas Force“ е еден од оние што во континуитет го бранат лидерот на СДСМ, коментирајќи дека тој покажал дека македонската влада наводно нелагално прислушкувала.

На прес-конференцијата во главната зграда на СДСМ во Скопје, по драматичните апсења на членови на опозицијата под обвинение за шпионирање и организирање државен удар, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, објави серија од телефонски разговори кои што покажуваат дека владата на Никола Груевски правела незаконски масовен надзор, најмалку врз 20 000 лица”, пишува „Hellas Force“.

Истиот портал и пред неколку денови го бранеше Зоран Заев, критикувајќи ги премиерот Никола Груевски и Владата, но и делот од медиумите и експертската јавност кои што не припаѓаат на круговите блиски до СДСМ и Сорос и не застануваат во одбрана на Заев.

И порталот „Echederos“ со слична конструкција. Под насловот „Бомбата на Заев конечно експлодира“, тие пишуваат дека на прес конференцијата тој „конечно открил голем број на случаи на нелегално снимени разговори“. Порталот не пропушти и да го оправда лидерот на СДСМ затоа што го одолговлекувал објавувањето на т.н. бомба, но и да го пофали за начинот на кој што била изведена.

„Господинот Зоран Заев кој што беше обвинет од голем број интелектуалци и новинари за одолговлекувањето на експлозијата на бомбата, беше доста внимателен во извештаите за инкриминирачките докази и рече дека тие треба да им се откриваат  на луѓето чекор по чекор“, стои во текстот.

Одбрана за Заев и напад за премиерот Груевски и Владата е она што доминира меѓу коментарите на грчките медиуми и портали од самиот почеток на аферата, во обидите Заев да го прикажат како маченик, премиерот Груевски како диктатор, а аферата Пуч како фабрикувана интрига.

Иако Заев сега ја смени приказната за тоа од каде ги добил нелегално снимените разговори, тој најмалку три пати претходно лично ја потврди сoработката со странските служби. Во обидот за политички рекет и недемократско преземање на власта, тој отворено му призна на премиерот Грувски дека странците го снабдиле со прислушкувани разговори, во видеото од нивната средба кое што протече на интернет.

Дека соработува со странски служби, но и со странски премиер, Заев потврди и во писмото до Зоран Верушевски, но и во СМС пораките што ги праќаше до лидерот на ДПА Мендух Тачи. Молејќи го Тачи за средба, Заев тогаш најдиректно му напиша дека странци, од надвор, го спремале за премиер. Што е она што Заев го нудел за возврат, останува отворено прашање, но извесно е дека крајната цел на соработката со странски тајни служби во ниеден случај не е и не може да биде заштита на македонските национални интереси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top