Дозволете ми како член на француското Национално собрание, како и на Парламентарното собрание на Советот на Европа, да ја искажам својата загриженост по повод најновите случувања во Република Македонија и однесувањето на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, најголемата опозициска партија во Македонија – вели во писмото Тиери Мариани, пратеник во Националното собрание на Франција и потпретседател на Никола Саркози во партијата Унијата за народно движење ( UMP), претседател на Комисијата за миграции на ПС на Советот на Европа, потпретседател на Европската народна партија во ПС на Советот на Европа и министер за транспорт во владата на Франоса Фион кога претседател беше Никола Саркози.
Во продолжение интегрално писмото на Мариани:
Јасно е дека на последните избори од 2014г Претседателот Иванов освои убедлива победа со огромно мнозинство гласови, како и партијата ВМРО-ДПМНЕ и Премеирот Никола Груевски освоија апсолутно мнозинство во Собранието на Македонија што само говори дека политиките кои досега ги воделе се правилни и се препознати од граѓаните. Исто така е јасно дека опозициониот Социјал демократски сојуз неможејќи да ја освои довербата на граѓаните се однесува спротивно на демократските стандарди и не учествува во работата на Собранието.
Дозволете во исто време да изразам длабоко разочарување од однесувањето на Социјалдемократскиот сојуз и нивниот Претседател Зоран Заев којшто како како што сум информиран отишол и еден чекор понапред и презел нелегални активности на недозволено прибирање на телефонски разговори, документи и други материјали кои се добиени на нелегален начин, според неговиот исказ во соработа со тајни слузби. Исто така со овие нелегално собрани материјали се заканувал на Премиерот Никола Груевски бараќи од него спротивно на вољата на граѓаните да дозволи опозиционата Социјадемократски сојуз да ја преземе власта во Македонија.
Најосто го осудувам ова негово однесување.
Во исто време сум информиран дека надлежните институции и Јавниот обвинител до судот доставиле докази за овие активности. Отука повикувам на отворена и транспарентна постапка пред надлежните органи согласно највисоките европски правни стандарди.
Го осудувам однесувањето на г. Зоран Заев Претседател на Социјалдемократскиот сојуз и потсетувам дека нелегалното снимање телефонски разговори и прибирање документи како и невистинито монтирање на разговори и документи е спротивно на европските демократски норми и прифатените стандарди на Советот на Европа каде Македонија е член.
Ги осудувам заканите на г. Зоран Заев Претседател на Социјалдемократскиот сојуз кон Премиерот Никола Груевски и потсетувам дека одговорноста за демократскиот имиџ на Македонија е како на Владата така и на опозицијата.
Потсетувам дека политичкиот натпревар треба да се води низ институциите на системот со поуда на политичка платформа и програма за која граѓаните одлучуваат на избори, а не со нелегални средства, ги повикувам пратениците на Социјалдемократскиот сојуз да се вратат во Собранието на Република Македонија и целосно да го остварат својот мандат.
Се надевам дека оваа порака ќе биде послушана од нашите пријатели во Македонија од Социјалдемократскиот сојуз.
Срдечно,
Thierry Mariani , пратеник во Француското Национално Собрание и Претседател на Комитетот за миграции во ПС на Совет на Европа и Потпретседател на ЕПП во ПССЕ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст