| четврток, 6 декември 2018 |

Флорентино Перез со порака до фудбалерите: Мора да победиме на Ел Класико

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, присуствувал на вчерашниот тренинг на клубот, а потоа одржал двочасовен состанок со фудбалерите и тренерот Карло Анчелоти.
По дебаклот во градското дерби од Атлетико Мадрид од 4-0, Реал сѐ уште е лидер на табелата во Примера дивизија, но сега со само еден бод пред Баселона.
Тоа им приреди голем шок на управата на клубот како и големиот број навивачи низ светот.
Перез прво побарал од Анчелоти објаснување за прикажаната слаба игра во дербито, а потоа упатил предупредување до фудбалерите кои до пред новогодишните празници беа неприкосновени во Шпанија.

– Добрите партии во 2014 година изгледа направија премногу да се отпуштиме. Сега треба да бидеме заедно повеќе од кога било. Мора да се потрудиме повторно да бидеме тимот кој замина спокојно на божикните празници. Мора да останеме лидери во Примера и да победиме на Ел Класико со што би направиле огромен чекор кон титулата. Не заборавајте кој дрес го носите на себе и не заборавајте дека милиони луѓе тешко поднесуваат порази како последниот од Атлетико – гласела дел од пораката на Флорентино.

Претседателот очекува дека неговите фудбалери сериозно ќе ја сфатат пораката и веќе во следниот натпревар против Депортиво ла Коруња, кој го играат на Сантијаго Бернабеу ќе ја прикажат сета своја сила и моќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top