| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Гази Баба организира хуманитарна акција за поплавените подрачја

opstina gazi baba

Вработените во Општина Гази Баба и подрачните одделенија на министерствата сместени во кругот на Општината во текот на утрешниот ден ќе се вклучат во хуманитарната акција за помош на жителите кои се наоѓаат во поплавените подрачја на Македонија.

Од Општината соопштуваат дека утре, среда, во текот на целиот ден ќе се собираат финансиски средства, со кои потоа ќе се купат хигиенски пакети и ќе се достават до општините погодени од невремето кое ја зафати Македонија изминатите денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top