| четврток, 6 декември 2018 |

Секс во врска, секс во брак: Кој повеќе ужива?

Судејќи од резултатите на едно истражување, 90 отсто луѓе сметаат дека сексот е подобар во брак…

1-bojata-na-sobata-vlijae-kolku-chesto-imate-seks-wwwkafepauza.mk_

Некои работи, како виното на пример, се подобри со годините, а дека истото важи и за сексот сметаат 90 отсто од испитаниците.

Меѓутоа научниците сметаат дека постои добра причина зошто е добро секогаш да се има секс со истиот партнер. И не, тоа не е поради љубов.

„Кога мажот ќе ја освои жената, се соочува со бран на задоволства во форма на сатисфакција на егото кое трае до крајот на оргазмот. Во прашање е многу силно чувство, но треба да се има на ум и неговата негативна последница, кога припадниот на машкиот пол се чувствува истрошено и празно, што доведува до депресивна состојба“, наведува доктор Пол Хоукмајер, терапевт за врски.

Една студија од 2013 година, која е спроведена над 3.900 студенти покажало дека многу мажи кои влегуваат во врска за едно ноќ, поминуваат низ некој вид на депресија и анксиозност, а оние кои редовно практикуваат ваков вид на „врска“ се со ниско ниво на самодоверба и задоволство од животот отколку нивните колеги кои имале долги и моногамни врски.

Научниците истакнуваат дека во стабилна врска, мажите имаат повеќе можност да го бараат точно тоа што го сакаат во врска со сексот, на пример исполнување на фантазиите или директно барање за разлика од „сингл“ мажите не може да го побараат (или ако ништо друго, не би требало).

Едно истражување на Универзитет во Индијана покажало исто така дека помалку од 5 отсто од мажите помеѓу 25 и 59 години старост успеваат да доведат нова дама во домот 2-3 пати неделно, додека во тој број на сексуални односи на неделна основа уживаат околу 25 проценти од испитаниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top