| четврток, 6 декември 2018 |

Руски банкар обвинет за шпионажа во САД

САД поднесоа обвиненија за шпионажа против руски банкар, соопштија извори од Федерален суд во Њујорк.

Според обвинителниот акт, кој се состои од две точки, Евгениј Бурјаков и уште двајца руски државјани, кои се дипломати на пониско ниво, создале шпионска мрежа. Таа функционирала од 2012 година, па се до минатиот месец и собирала доверливи економски информации за евентуални американски санкции против руски банки.

Бурјаков работел во филијала на руската Надворешноекономска банка во Менхетен.

Обвиненија се покренати и против двајцата дипломати, но тие се вратиле во Русија и се заштитени со имунитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top