| четврток, 6 декември 2018 |

Евростат: Потрошувачката на енергија во ЕУ во 2013 година како во 90-тите години на минатиот век

Еуростат објави дека бруто потрошувачката во ЕУ во 2013 година била еквивалентна на 1.666 трилиони тони нафта во однос на 1.686 трилиони тони во 2012 година и 1.698 трилиони во 2011 година

150209134.1_mn

Потрошувачката на енергија во земјите на Европската унија во 2013 година падна на ниво кое последен пат е забележано во деведесеттите години на минатиот век, објави Бирото за статистика на Европската унија – Евростат.

Евростат објави дека бруто-потрошувачката во ЕУ во 2013 година била еквивалентна на 1.666 трилиони тони нафта во однос на 1.686 трилиони тони во 2012 година и 1.698 трилиони во 2011 година.

Овој извештај се појави во време на затегнати односи меѓу европските земји и главниот доставувач на плин за европските земји, Русија.

Меѓу петте земји што трошат најмногу енергија, првото место, со 76,9 проценти, ѝ припаѓа на Италија.

Кипар и Малта имаат најголем удел во производство на енергија од обновливи избори до 100 отсто. По овие две земји Летонија постигнува 99 отсто од својата енергија преку обновливи извори, Португалија 91,1 отсто, а Литванија 90.

Франција и Белгија се високозависни земји од производство на нуклеарна енергија, покажуваат податоците од Евростат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top