Американскиот претседател Барак Обама ја предупреди Русија дека „не може со силата на оружјето да ги прекројува границите на Европа“, имајќи го предвид конфликтот во Украина, пренесоа француските медиуми.
На заедничката прес-конференција во Белата куќа со германскиот канцелар Ангела Меркел, Обама истовремено ја увери американската јавност дека Вашингтон и натаму се залага за изнаоѓање дипломатско решение на украинската криза.
САД се уште не одлучиле дали да и доставуваат оружје на Украина за нејзината борба против проруските сепаратисти, посочи Обама.
– Испораките на одбранбено оружје за Киев е една од разгледуваните варијанти. Одлуката, меѓутоа, уште не сум ја донел, изјави американскиот претседател.
Ангела Меркел предупреди дека мирот во Европа е под закана од конфликтот во Украина, доколку се гледа принципот на територијална целост на Стариот континент.
– Како човек кој доаѓа од Европа, едноставно ќе кажам дека доколку се откажеме од принципот на територијална целост, нема да сме во состојба да го поддржуваме мирот во Европа, подвлече Меркел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


