
Канцеларијата на ОН за човекови права (УНХЦР) денеска предупреди дека во најмалку 70 држави во светот девојчињата се соочуваат со закани, насилство и со други видови злоупотреба поради обидот за одење во училиште.
– Нападите против образование на девојчињата сè уште постојат и алармантно е дека во некои држави тоа се зголемува и зачестува – се наведува во извештајот.
Во извештајот на УНХЦР како примери за спречување на девојчињата за образование се наведува киднапирањето на речиси 300 ученички во Нигерија минатата година, вооружениот напад на активистката Малала Јусуфзаи во 2012 година во Авганистан и прунудното отстранување на девојчиња од училишта во Сомалија, што од 2010 година систематски го врши групата Ал Шабаб.
Според изворите на ОН, извршени се повеќе од 3.600 одвоени напади над образовни институции, наставници и ученици во 2012 година, се наведува во извештајот на организацијата, предупредувајќи дека нападите имаат „верижна реакција“ што дава сигнал до родителите на останатите девојчиња дека училиштата не се безбедни.
Во извештајот, исто така, се наведува дека отстранувањето на девојчињата од образованието поради страв за нивната безбедност и загриженост поради нивниот доцен брак, може да доведе до дополнително кршење на човековите права како присилен предвремен брак, семејно насилство, рана бременост и изложеност на други штетни влијанија, трговија и сексуална и работна експлоатација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пиеле вода помешана со фекалии, три дена распуст за учениците во „Димитар Миладинов“
-
Најлон наместо покрив на училиште поради политички препукувања меѓу општина Гостивар и МОН
-
Ова е играта „фрлање низ прозорец“ (видео)
-
Нетпрес: Закани кон асистент на претседателот на ДИК, „Главата на мајка ти може да летне далеку“


