Пентагон во 2014 година потрошил 504.816 долари за популарното апче за еректилна дисфункција „вијагра“, покажуваат владините договори, цитирани од „Washington Free Beacon“.
Во 2013 година, американското воено министерство, потрошило околу 425 илјади долари за испорака на „вијагра“ на војниците, што покажува драстичен пораст во споредба со претходната година.
Покрај вијагра, Пентагон, исто така, нарачал и од медикаментите „левитра“ и „циали“, кои, исто така, се користат за подобрување на машката сексуална функција, а за секое од овие апчињата се потрошени по 3.505 и 14.540 долари. Според договорот за испорака, целта на купување на апчињата е поддршка на војниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти
-
Се укинуваат автобуски линии, a војниците сами се снаоѓаат за превоз
-
Пентагон ја поздрави одлуката Македонија да ги прифати заробените борци на ИД, нејзини државјани
-
Пентагон ја поздрави репатрирацијата на седумте македонски борци од ИСИС



