Министрите за надворешни работи на Европската унија одобрија нови санкции против Русија, пренесува РИА Новости. Денес првиот дипломат на Франција, Лоран Фабијус, објави дека тој и неговите колеги од другите 27 земји-членки постигнале согласност за наметнување нови рестрикции против Москва и проруски сепаратисти поддржани од неа.
Според министерот за надворешни работи на Париз, проширена е листата на физичките лица одговорни за агресијата во источна Украина. Листата ќе биде објавена на 16 февруари 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



