| четврток, 6 декември 2018 |

Нов напад: Вооружени напаѓачи пукаа врз полицијата во Марсеј

Маскирани напаѓачи вооружени со автоматско оружје отворија денеска оган врз полицајци во францускиот град Марсеј.

Попладне во тој град се очекува да допатува премиерот на државата Мануел Валс.

Во северното предградие каде беше инцидентот испратени се единици на интервентната полиција. Пукано е во квартот Кастелан, дел од градот каде често се извршувани полициски акции за спречување шверц на дрога.

Француски медиуми јавуваат дека е пукано и врз началникот на полицијата во градот  Пјер Мари Бурникел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top